Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОИЗВЕДУВАМЕ СЕ ПОМАЛКУ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ: има намалување над 40 проценти, еве каде сѐ има пад
Економија

ПРОИЗВЕДУВАМЕ СЕ ПОМАЛКУ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ: има намалување над 40 проценти, еве каде сѐ има пад

01/08/2024

AA

Каде имаше
најголем пад во индустриското производство минатиот месец. Кои сектори имаат
најголемо намалување, а кои се со позитивни резултати.

Податоците на
Државниот завод за статистика покажуваат дека убедливо најголем пад имало кај производството
на тутунски производи. Имено овој сектор бележи драстичен пад од високи 43
отсто во јуни.

Но, тие не се
единствените, напротив голем пад има и во категоријата производство на
компјутерски, електронски и оптички производи кој достигнал дури 37,8 проценти.

Како што објави
државниот завод за статистика, имаме намалување на индустриското производство
во јуни од дури 6,5 проценти, во споредба со истиот месец минатата година.

Но, она што
особено се одвојува во овој извештај е фактот дека одредени сектори имаат
значително поголем пад од вообичаеното.

Покрај категорија
производство на тутунски производи и компјутерски или оптички производи, со
голем пад се соочува и производството на фабрикувани метални производи, каде
падот според објавата на статистичарите достигнува 35,1 отсто.

Високи 30,1
проценти намалување во производствоот бележи и секторот поправка и инсталирање
на машини и опрема.

Пад во
производството има во повеќе сектори, се издвојува и секторот производство на
хемикалии и хемиски производи, каде има намалување од дури 24,4 проценти.

На слично ниво е
и производство на метали каде има пад од 22 проценти, како и секторот производство
на останата опрема за транспорт каде има пад од 20,1 отсто.

Под дваесет
проценти пад на производството бележи секторот снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација од 16, 7 проценти, а исто толкав пад има и
секторот производство на останата опрема за транспорт. Нешто помал пад забележаа
и производството на основни фарамацевтски производи каде има намалување од 15,3
проценти.

Спротивно на овие
сектори, најголем раст е забележан во секторот печатење и продукција на снимени
медиуми, каде имало зголемено производство од 20,6 отсто
.

Последните месеци
и години, индустирското производство бележи надолен тренд. Иако лани годината
ја завршивме во позитива, тоа беше многу мал раст, додека 2022 година беше во
негатива.

На месечна
основа,
оваа година, последните месеци се бележи поголем пад на индустириското производство.
Па така во мај во споредба со претходната година забележан е пад од 13,
2 отсто, додека пак во април само 1,2 отсто
. Во март, на годишна основа падот
на индустриското производство изнесуваше 10,4 проценти.

Раст кај
индустирското производство годинава имаше во првите два месеци од годината,
но
тоа беше многу мало, или поточно во јануари од само 2,8 проценти, додека во февруари
0,3 отсто.

Ако се погледнат податоците
за цела година, се забележува една тенденција на намалено производстов. Имено,
во текот на минатата година индустрискиот сектор имаше подеми и падови, и иако годината
може да се каже дека заврши позитивно или со раст, сепак, тој раст е многу мал.
На годишно ниво во 2023 година индустриското производство порасна за само 0,7
проценти во споредба со 2022 година. Додека 2022 година имаше намалено
производство за 0,3 отсто во споредба со 2021 година.

П.О.

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy