
„ПРОГНОЗИТЕ ЗА СНЕГ СЕ СТАРИ, ДОПРВА ДОАЃААТ НОВИ!“ Ќе ги зголемат ли новите анализи предвидувањата за снежни врнежи во Европа?
Професорот и метеоролог Зоран, кој детално го анализира времето на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, а кој има официјален Фејсбук профил со цел да ја информира јавноста за временската состојба, изненади со тврдењето дека последно објавените метео прогнози за претстојната зима, всушност се „стари“, поточно се од почетокот минатиот месец и потенцираше дека допрва се чекаат новите анализи кои ќе бидат уште подетални.
„Многумина пишуваат кои се „новите прогнози“ за врнежи од снег следната зима во Европа?!
Точно, прогнозите за сега даваат опции за значително поснежна зима во однос на минатата, особено во 1 и 2 месец. Сепак, една забелешка!! Ова не се нови, тоа се стари прогнози од почетокот на 9-ти месец!! Новите се уште чекаат!! Дали новите прогнози ќе го зголемат количеството на снег или ќе го намалат?! Дали сè уште ќе го задржи зимскиот просек, или ќе се разлади, или можеби дури и ќе го направи потопло?! Ќе видиме овој месец!!“, напиша метеорологот.
