
ПРОГНОЗА ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Ќе ја погодат два фактори
Не се идеални прогнозите за германската економија. Советот на економски експерти предвидува стагнација на германската економија.
Германија беше единствената членка на групата од седум водечки економии во светот (Г7) која не успеа да постигне раст во последните две години.
„Германската економија во блиска иднина ќе биде значително погодена од два фактори, американската царинска политика и фискалниот пакет“, изјави Моника Шницер, претседателка на Советот на економски експерти.
Се очекува царините што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп да нанесат голем удар врз извозно ориентираната економија на Германија. САД беа најголемиот трговски партнер на Германија во 2024 година. Билатералната трговија чинеше м253 милијарди евра (284 милијарди долари). Во екот на пандемијата на коронавирусот, земјата дури влезе во рецесија.