
ПРОГНОЗА ОД ШВАЈЦАРИЈА: Цената на златото ќе расте
Се очекува дека златото допрва ќе поскапува. Цената на златото може да порасне за 10 отсто до крајот на годината. Ова е прогноза на швајцарската банкарска корпорација УБС.
Златото, и покрај благото намалување на почетокот на 2024 година, сè уште е над психолошката граница од 2.000 долари за унца, а до крајот на годината може да се искачи на 2.250 долари.
Канадската Scotiabank е повнимателна и верува дека унца злато ќе чини 2.000 долари на крајот на тековната година. Оваа година скок имаше и на цената на среброто.
