
Продолжуваат гранатирањата меѓу Украина и Русија
Украина одново го нападна Белгород по вчерашниот масовен руски ракетен напад врз регионите на Киев и Харков, во кој загинаа најмалку пет, а беа ранети 130 лица. Руските власти тврдат дека војската соборила 12 проектили над Севастопол.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Борел, изјави дека Русија ќе биде одговорна за воените злосторства поради масовното гранатирање на цивили. Претседателот на Украина, Зеленски, ги повика западните партнери да го забрзаат снабдувањето со системи за противвоздушна одбрана.
Од друга страна, од руското МНР велат дека светот е уморен од западните санкции против Москва.
