Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжуваат градежните активности на улицата „Љубљанска“ – мостот во Карпош конечно ќе биде ставен во функција
Македонија

Продолжуваат градежните активности на улицата „Љубљанска“ – мостот во Карпош конечно ќе биде ставен во функција

24/12/2025

AA

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош.

Како што истакна градоначалникот во објава на своите социјални мрежи, продолжувањето на изградбата ќе овозможи воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје. „Конечно, по долг период на застој, продолжува изградбата на улицата ‘Љубљанска’, со што ќе се пушти во употреба мостот во Карпош“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека довербата што ја добил од граѓаните претставува обврска за решавање на долгогодишните инфраструктурни проблеми. „Со задоволство можам да информирам дека продолжува реализацијата на проектот за поврзување на улицата ‘Љубљанска’ со ‘Скупи’, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на граѓаните“, рече градоначалникот.

Проектот беше стопиран поради потребата од обезбедување мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар за заштита на локалитетот „Скупи“, согласно законската регулатива. Со обезбедувањето на дозволата, културното наследство е заштитено, а градежните активности продолжуваат со засилен интензитет.

Со комплетирањето на делот од мостот до улицата „Скупи“, се очекува воспоставување на клучна сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје. Ова ќе значи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, значително растоварување на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“, како и побрз и побезбеден излез кон обиколницата.

Проектот предвидува отворање на нова современа сообраќајна оска и функционално решение за влезот во селото преку кружен тек или адаптивна семафоризација, во зависност од сообраќајните потреби.

„Нашата цел е намалување на сообраќајниот метеж, целосна заштита на културното наследство кај локалитетот ‘Скупи’ и обезбедување безбеден и ефикасен проток за возила и пешаци. Унапредувањето на патната и сообраќајната инфраструктура е еден од нашите врвни приоритети, затоа што директно значи подобар квалитет на живот за сите. Скопјани заслужуваат функционален, поврзан и модерен град“, истакна градоначалникот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy