Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжува судскиот процес за случајот со родилката од Дебар
Магазин

Продолжува судскиот процес за случајот со родилката од Дебар

14/04/2025

AA

Во Основниот суд во Струга за денеска е закажано ново рочиште за случајот со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез во Струшката општа болница и беа отстранети матка, јајник и бубрег.

На барање на одбраната судечкиот судија Јордан Јованов, на последното рошиште пред два месеци, донесе решение Медицинскиот факултет во Скопје да одговори зошто биле избрани надворешни членови при носењето на одлуката.

Адвокатскиот тим на обвинетите лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, Игор Петковски,образложи дека комисијата, која го изработи супер вештачењето требало да биде составена од професори на Медицинскиот факултет – Скопје. Во случајот само еден од членовите бил од таа институција, додека останатите двајца, биле професор од Медицинскиот факултет во Штип и докторка која имала своја приватна здравствена ординација.

Оштетената Веапоска повтори дека очекува правда и оти благодарение на супер вештчаењето се надева дека ќе произлезе.

Барањето за супер вешташење до Медицинскиот факултет во Скопје Судот го испратил по рочиштето одржано на 23 април минатата година, за што чекаше одговор скоро 10 месеци. Одлуката беше донесена поради неусогласување на вештачењата на вешти лица од Судска медицина побарано од Обвинителството и на техничкиот советник на барање на обвинетите. Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина, влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажало дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето и бил спасен животот.

Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранети три органи три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии, а делото застарува во 2026 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy