Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи Кешишев
Магазин

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи Кешишев

04/04/2025

AA

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. На денешното рочиште е предвидено прашања да му поставува обвинетиот Љупчо Палевски и неговиот бранител.

На изминатото рочиште Кешишев изјави дека Панче и Вања прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој сведочеше за нивните грабнувања при што според неговите одговори за истите во главно имал улога да чува стража.

Одговарајќи на прашања на јавниот обвинител кои се фокусираа на комуникациите со сообвинетите, мотивите и свесноста на обвинетиот за сериозноста на ситуацијата, Кешишев призна дека бил под влијание на Љупчо Палевски, но тврди дека не бил целосно свесен за своите дејствија.

Откако обвинителството заврши со прашањата, судењето продолжи со читање на исказот на Кешишев од страна на судијата Ивица Стефановски, со цел обвинетиот Љупчо Палевски, кој претходно беше отстранет од судењето поради сомневање за влијание на исказот на Кешишев, да се запознае со исказот. 

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44908
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко Костадинов се искачи на врвот

07/08/2026

Уште еден голем планинарски успех го одбележа градот Битола! Сограѓанот Дарко Костадинов успешно се искачи на моќниот врв Казбек, сместен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy