Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжува судењето на жената од Кратово што ги уби сопругот и свекорот
Магазин

Продолжува судењето на жената од Кратово што ги уби сопругот и свекорот

22/01/2025

AA

Во Oсновниот суд во Куманово продолжи рочиштето против 36-годишната Вангелица Илијевска, која во јуни лани ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово. Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана.

На денешното рочиште беа сослушани вештите лица од психијатрија и од лабораторија за биоллошки траги-ДНК анализа на предлог на јавното обвинителство.

Вештите лица од психијатрија и невропсихијатрија кажаа дека при прегледот на обвинетата констатирале дека била во афективна состојба, но афектот не ги надминал физиолошките граници и немал патолошка димензија, во смисла дека не се сеќава на делото и била во состојба да го сфати значењето на делото. Таа била во специфична состојба врз која влијание имало хроничната повеќегодишна конфликта ситуација помеѓу неа и сега починатите Јован и Стојан.

 

На прашања на одбраната дали при прегледот на Илијевска можело да се види наталожениот негативен набој од претходноте повеќегодишно малтретирање, вештите лица останаа при ставот дека таа во детали опишувала низ што се поминала, дека реагирала во афект, но не во патолошка смисла. Таа дејствувала бидејќи се чувствувала загрозена за својата безбедност.

Денеска на предлог на обвинителството беа сослушани и две вешти лица во однос на оставените биолошки траги на двата ножа. Вештите лица кажаа дека имало траги само од Вангелица, Јован и Стојан. Одбраната во изјавата кажа дека има забелешки во однос на контаминација на едниот нож од четврто лице. Адвокатот Христијан Георгиевски, вели дека е задоволен од текот на судењето.

– Одбраната останува на својот став и како тече судењето. Се повеќе сметам дека се докажува нашата теорија дека обвинетата дејствувала во услови на нужно одбрана. Стручните лица од областа на психијатријата и наодите ја потврдија нашата теза дека навистина се работи за долгогодишна жртва на семејно насилство која низ годините акумулирала стрес од тешките напади којшто се испразнила во моментот. Неспорно е дека овој стрес акумулирал со години, таа дејствувала во страв, во услови на силна раздразнетост. Вештите лица од психологијата, од психијатрите, исто така кажаа дека истата немала привремено растројство меѓутоа, критичниот настан го направила со цел да се одбрани од двајца посилни, покрупни мажи. Вештите лица коишто беа сослушувани во однос на биолошките траги останаа во своите наоди не е спорно тој дел за нас, повеќе беше спорна контаминацијата на самиот предмет со кое е извршено делото, изјави Георгиевски.

На првото рочиште обвинетата кажа дека дејствувала во нужна одбрана. Јавниот обвинител во воведниот говор кажа на 13 јуни, годинава Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на семејно насилство физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован. На првото рочиште сведочеа мајката и сопруга на Јован и Стојан како и сосед на семејството.

Наредното рочиште е закажано на 28 февруари, годинава и тогаш ќе бидат сослушани сведоци на одбраната.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy