Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДОЛЖУВА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО ВО „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – фрчат блок трансакции, купуваат моќните акционери
Економија

ПРОДОЛЖУВА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО ВО „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – фрчат блок трансакции, купуваат моќните акционери

29/01/2025

AA

Купуваат по мали акционерски пакети, ама не се откажуваат. Продолжува
битката за позиционирање на помоќните акционери во „Македонијатурист“, во очи
на претстојното вонредно Собрание на акционери кое ќе се одржи на 17 фервруари
оваа година, а на кое ќе се бираат нови членови на Надзорниот одбор на
компанијата.

Во време кога на Берзата многу често поминуваат блок трансакции во кои се
докупуваат нови акции, а се купува и на редовниот пазар, од „Македонијатурист“
транспарентно се информира дека одредени најголеми акционери ги зголемиле
своирте акционерски пакети.

Па така, вчера компанијата ја извести инвеститорската јавност дека акционерот
Скопски пазар купил
дополнителни 450 акции, со што сега поседува
89.814 акции односно 19,86 отсто од
вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.

Но, акции продолжува да купува и М.Г. Фешн, па и за овој акционер
компанијата информираше дека купил дополнителни 233 акции и
сега поседува 51.145 акции односно 11,31 отсто од вкупниот број обични акции издадени од
Македонијатурист.

Пред неколку дена, пак, од компанијата информираа дека акционерот
Друштво за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо
Скопје купил
дополнителни 517 акции, и
сега поседува 28.675 акции односно 6,34 отсто акции на компанијата.

Тоа значи дека не престанува борбата за остварување на што подобри
акционерски позиции во таа компанија.

Во меѓувреме вчера помнина и нова блок трансакција, преку која за однапред
познат купувач беа продадени 331 акција, по цена од 10.600 денари за акција,
што значи дека извесен инвеститор, кој засега не е познат, платил 57 илјади
евра. Кој е тој ќе се знае веќе во понеделник, кога централниот депозитар за
хартии од вредност ќе ја ревидира сопственичката структура, или, пак, порано,
ако за тоа извести самата компанија.

На вчерашното редовно тргување, пак, се продале 20 акции на хотелиерската
компанија, по цена од 10.600 денари за акција.

Последната состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, која
е се однесува на крајот од минатата неделка, покажува дека покрај Скопски пазар
и М.Г. Фешн, чии акционерски пакети веќе ги наведовме и изнесуваат 19,86 отсто
и 11,31 отсто соодветно, други најголеми акционери се Промедика, со пакет од
11,9 отсто од акциите, Симеон Павлов кој има 10,47 отсто од акциите, како и
Чеза комерц со 6,34 отсто од акциите. Во понеделник веројатно ќе има нова
состојба, откако ќе се пресметаат денешните, а можни идни трансакции кои би се случиле оваа
недела.

Како што веќе пишуваше Фактор, повеќе од извесно е дека Доне Таневски
по неколку децении заминува од најголемата хотелиерска компанија во Македонија, и тоа побогат за 20 милиони евра од
продадените акции и тоа по цена што другите само можеа да ја сонуваат.

А,
пред претстојното акционерско Собрание, најголемиот поединечен акционер „Скопски пазар“ предложи еден
член за Надзорниот одбор, и тоа како надворешен, а
станува збор за Марјан Ѓорчев, економист и поранешен градоначалник на најголемата скопска општина
Кисела Вода, поранешен пратеник и министер на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно и другите тројца акционери предложија по четири члена за четиричлениот Надзорен
одбор.

Затоа и се очекува дека ќе
има интересна седница на акционерското Собрание.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy