
Продолжува потрагата по 29 годишното лице кое исчезна во водите на езеро Глажња
Потрагата по 29 годишното лице кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковскиот регион, денес ја продолжуваат 8-мина нуркачи од армиските специјалци Волци.
Условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот. Видливоста е исто така лоша, особено на поголема длабочина.
Воедно постојано се пребарува и брегот на езерото.
Полицајци од СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.
