Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДОЛЖУВА ХАЈКАТА ПРОТИВ МУСТАФА ХАЈРУЛАХИ Обвинителката Тополова Исајловска се исплашила дека ќе конкурира за Републички јавен обвинител
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ХАЈКАТА ПРОТИВ МУСТАФА ХАЈРУЛАХИ Обвинителката Тополова Исајловска се исплашила дека ќе конкурира за Републички јавен обвинител

15/01/2026

AA

„Паушални и избрзани наводи на В.Д. Републичкиот јавен обвинител од причини што истата се смета за загрозена од мојата изјава дека размислувам да конкурирам за местото Републички јавен обвинител“.

Ова е одговорот на поранешниот шеф на вишото јавно обвинителство и актуелен адвокат Мустафа Ахјрулахи на обвинувањата од јавниот обвинителт Анита Тополова Исајловска.

Хајрулахи вели дека е вџашен од неоснованите обвинувања и наводи на Тополова Исајловска, која побара казнени мерки од Адвокатската комора заради неговиот настап на ТВ Алфа во кој тој изнесе многу, за многумина непожелни, вистини за катастрофалните состојби во ЈОРМ.

„Вџашен од непромислената и избрзана реакција од страна на в.д Јавниот обвинител на РМ, Анита Тополова Исајловска по повод мојот настап на ТВ Алфа, во емисијата „За или против“ со тоа што истата до Адвокатската комора на РМ, денеска поднела Претставка против мене, а во врска со мојот настап, најостро ги демантирам сите наводи и сметам дека истите се паушални и избрзани од причини што истата се сметала за загрозена од мојата изјава дека „размислувам да конкурирам за местото Републички јавен обвинител.“ Неможејќи да поднесе конкуренција, на овој начин се справува со истата“, вели Хајрулахи за македонски Курир.

Да биде појасно за читателите, во претставката поднесена до Адвокатската комора на РМ наведено е дека „Јавното обвинителство во целост ги отфрла ваквите неосновани напади, кои претставуваат обид за лична дискредитација и директно нарушување на уставно и законски гарантираната самостојност на јавните обвинители и на обвинителството“.

„Ваквиот јавен настап е спротивен на општиот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите кој им забранува на адвокатите да се рекламираат и да бараат личен публицитет на недостоен начин, што вклучува и изнесување невистини и навреди на лична основа кон професионалци и кон други државни органи“, се вели во претставката.

Хајрулахи енергично ги демантира наводите од претставката на ЈО до Адвокатската комора.

„Во мојот настап на „За или против“ никого не нападнав или се обидов да лично да дискредитирам, туку едноставно си ги кажав моите видувања по однос на моменталната ситуација во која се наоѓа Јавното обвинителство во целина бидејќи до пред скоро време бев Виш јавен обвинител на најголемото обвинителство во државата. Ако некој се нашол повикан, тоа не е мој проблем“.

Тој објаснува и зошто цитирањето на општиот принцип број 5 не функционира во овој случај:

„По однос на цитираниот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите, а кој се однесува на личното рекламирање на адвокатот истиот гласи „Адвокатот не смее да се рекламира или да бара личен публицитет на недостоен начин“ и дека не се смета за рекламирање објавувањето на основни податоци за адвокатот на наеговата лична веб страница на интернет, туку забрането е истакнување на имиња и називите на клиентите кои адвокатот ги застапувал и ги застапува на неговата веб страна. Ова значи дека од страна на подносителот на претставката, наводите во истата се паушални и истите ги сметам за вид на притисок кон мене, а се со цел да не конкурирам на објавениот оглас за местото Јавен обвинител на РМ“.

Хајрулахи истакнува дека Кодексот експлицитно наведува дека адвокатот не смее да дозволи влијанија од трети лица порачувајќу ѝна Тополова Исалјовска дека нема да дозволи таа, од позиција на моќ, да влијае на неговите ТВ настапи или на неговите мислења:

„По однос на општиот принцип бр. 1 од Истоимениот Кодекс ќе наведам дека истиот гласи „Во извршување на своите обврски адвокатот е независен и не смее да дозволи никакви влијанија од трети лица или неговите лични интереси или интересите на трети лица и надворешен притисок да влијае на него во извршувањето на неговите обврски кон клиентот. Адвокатот е должен да не дозволи никакво нарушување на неговата независност и да не ги прекрши своите професионални принципи со цел да удоволи било кому па и на неговиот клиент“, што значи, драга поранешна почитувана колешка, во никој случај нема да дозволам, Вие од позиција на моќ, како ВД Јавен обвинител на РСМ да влијаете на моите настапи и на моите искажани мислења, а кои се однесуваат на подобрување на моменталната хаотична состојба во која се наоѓа Јавното обвинителство на РСМ“.

Кон крајот од интегралната реакција за Курир, Хајрулахи ја повикува В.Д. обвинителката на јавно соочување.

„Ѝ предлагам на сегашната ВД обвинителка Анита Тополова Исајловска да одбере кој било медиум, место и време за да подискутираме за состојбите во ЈОРМ, се’ со цел да се помогне во издигнувањето на Јавното обвинителство. Со почит, Вашиот поранешен колега јавен обвинител, а сега адвокат, Мустафа Хајрулахи“.

Реакцијата Хајрулахи ја завршува споменувајќи и нов можен скандал на доскорешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски.

„П.С. Кој му дозволил на Љупчо Коцевски и покрај тоа што на истиот му се констатираше оставка – недела дена по констатирањето на оставката да користи службено возило од ЈОРМ, службен возач од ЈОРМ, како и и канцеларијата во ЈОРМ?“

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy