Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжи судењето против Мерко
Магазин

Продолжи судењето против Мерко

05/07/2024

AA

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа за казненото дело фалсификување исправа и несовесно работење во службата во училиштето во Велешта, во кое меѓу четворицата обвинети е и струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Рочиштето, пак, на кое му се суди на Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа и „Браќа Миладиновци“ во Струга, беше одложено поради неприсуство на сведоците.

Обвинетите Егзона Шеи, Дритан Каба, Ваит Жута и Рамис Мерко, пред судот се изјаснија дека не се чуствуваат виновни.

Како сведок исказ даде Наташа Пинтоска Беќароска, просветен инспектор, кој во 2022 година на вонреден инспекциски надзор констатирала дека назначената директорка Егзона Шеи не ги исполнувала законските услови од Законот за основно образование. Немала уверение за положен испит, не поседувала сертификат за познавање англиски јазик и немала пет години работно искуство. Директорката, која добила два мандати, била вработена со средно образование, таа се товари за фалсификување на дипломата.

Предметот го води делегираниот судија Јордан Јованов, чиј мандат истекува на 5 септември. Тој вети дека доколку добие продолжување ќе им даде приоритет на овие предмети.Доколку судијата не добие нов мандат во струшкиот суд, случајот треба да го преземе друг судија и предметите кои ги води ќе почнат од почеток.

– Постапката почнува одново, меѓутоа доколку странките побараат да се продолжи од таму каде што застанало може непречено да се одвива, а законот нив им дава можност да побараат повторно да се изведуваат досега изведените докази. Тоа е нивно право, хипотетички може само да зборуваме, појасни Јованов.

Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, смета дека со изведените докази во текот на постапката, кои, според него биле од листата на докази на обвинителството може да се заклучи дека постапката за надзор од страна на Државниот просветен инспекторат не е завршена со решение, согласно Законот за просветна инспекција.

– Овој факт само се потврди од исказот на испитаниот сведок на денешното рочиште – Државен просветен инспектор. Па така, уште во оваа фаза од постапката може да се констатира дека се поведува кривична постапна против обвинетите во услови кога не е завршена постапката за надзор која во најлош случај може да заврши со прекршочна одговорност доколку се утврди вина авентуалните сторители на прекршок, вели Петкоски.

Во струшкиот Основен суд против градоначалникот Мерко се водат три процеси, два за незаконско назначување на директори во четири училишта и еден за злоупотреба на службената положба при набавка на луксузен автомобил.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy