Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжи расправата за разрешување на замениците-министри
Македонија

Продолжи расправата за разрешување на замениците-министри

28/02/2023

AA

Пратениците попладнево ја продолжија 104. седница со расправа за разрешувањата на заменик-министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.

Расправата почна доцна синоќа со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, кој побара конструктивна дискусија и повтори дека владината реконструкција не е партиски мотивирана, туку е за европската иднина на државата.

Според пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оваа реконструкција се прави за да се заштити вицепремиерот Артан Груби. Според нив, оваа власт потврдила дека нема резултати и капацитет за промена со која ќе се подобри животот на граѓаните. Посочија дека од експозето на премиерот не слушнале ниту збор зошто едни се разрешуваат, а други се назначуваат.

– Во синоќешниот говор не слушнавме ниту еден збор за тоа зошто ги разрешувате заменик министрите. Која била методологијата согласно која Вие лично сте одобриле да биде заменет или некој да биде назначен? Оваа реконструкција ја направија ДУИ со цел да уништат уште една опозициска партија од албанскиот блок, чиј што рејтинг ќе се стопи како коцка мраз во 50 степени. Ќе купат ден плус. Ќе ги минимизираат „огнените“ и зацврстат своето внимание за момент, рече Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски рече дека ако разрешувањето на заменик министрите не е од политички причини, тогаш граѓаните заслужуваат да знаат дали луѓето кои 13 месеци биле заменици-министри работеле добро или не.

– Ако не разрешувате политички, кажете зошто е сменет заменик министерот за одбрана? Заради тоа што е дел од „огнената група“? Заради тоа што „огнената група“ вчера не ви дојде да ви гласа за новата влада и сега тоа е политички или не е политички? Ако не е политички, тогаш граѓаните заслужуваат да знаат дали овие луѓе кои што 13 месеци заедно ви беа заменик министри добро работеле или не. Ако не работеле добро, значи вашите перформанси на Влада се слаби, рече Стојаноски.

Според пратеникот на Социјалистичка партија на Македонија, Стојан Миланов, оваа власт потврдила дека нема резултати, ниту капацитет за промена со која ќе се подобри животот на граѓаните.

На синоќешното продолжение на 104. седница беа избрани четорицата нови министри во Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy