Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжи дебатата за избор на нови членови на Владата
Македонија

Продолжи дебатата за избор на нови членови на Владата

27/02/2023

AA

Собраниската седница за избор на нови министри во Владата денеска продолжи со меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата за криминал и корупција, а во фокусот исто така беа и наводите за имотите на лидерите на Алијанса на Албанците Арбен Таравари и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Останати за дебата се помалку од десет пратеници, така што може да се очекува новите министри да бидат изгласани до вечер, а веќе утре да ја започнат својата работа.

Се дебатира нови членови на Владата да бидат Кренар Лога, во ресорот правда, Фатмир Меџити, е предложен за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество и администрација и Каја Шукова, за министер за животна средина и просторно планирање.

Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека образот, како што кажа, „на ВД премиерот“ Димитар Ковачевски е „многу валкан и мнгу криминален“.

-Денес во Македонија има „Пазар 3“ коалиција на чело со Артан Груби, рече Коцевски додавајќи дека „цела недела владејачките партии зборуваат дека коалицијата им се зголемува, а таа остана, барем кога беа разрешени министрите на 64 пратеници“.

Коцевски го критикуваше Ковачевски дека во своето обраќање не кажал ниту еден збор за кандидатите што ги предлага за министри.

-Слободно можам да констатирам дека целата оваа ситуација е пазар за спас на Артан Груби, за спас на Ковачевски и најблиските луѓе околу Груби и Ковачевски. Ете тоа е вашиот европски пат и ништо друго, рече Коцевски

Пратениците од СДСМ, пак, прашуваа како е можно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со професорска плата да има имот во Скопје, Охрид и Црна Гора.

-Кога зборувате за криминал, треба да имате образ и да се потсетите дека вашиот партиски лидер изградил куќа од еден милион евра и тоа не го кажувам јас, тоа го кажуваат портали на кои вие како политичка партија нарачувате текстови, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски прашувајќи за наводен имот во Скопје, Охрид или Црна Гора.

Прашањата што овде ги слушаме со денови, рече Каевски не треба да ги насочите кон парламентарното мнозинство, туку кон вашиот партиски лидер. -Треба да го прашате зошто ве лажеше дека ќе има ново парламентарно мнозинство, дека час поскоро ќе има парламентарни избори. Треба да го прашате зошто играше во вас, за вие тука да зборите за се и сешто додека тој трупаше имот, рече Каевски.

Елми Азири од АА одговори на обвинувањата на сметка на неговата партија, како и дека со влегувањата во Владата ја спасуваат ДУИ и оти Таравари речиси на подарок добил куќа во Тафталиџе.

Азири рече дека АА покажала дека е сидро и гаранат на евроинтеграцискиот процес и дека настапува државнички. За криминал, додаде тој, може да зборува секој пратеник, само не пратениците од ВМРО ДПМНЕ. За Таравари рече дека работи 30 години како лекар и дека може да си купи куќа.

Седницата продолжува по редовната пауза во 15 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy