Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДАЖБАТА ДОМА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 48 ОТСТО, А ВО СТРАНСТВО ЗА 18 ПРОЦЕНТИ – еве како работеше „Реплек“ во минатата година
Економија

ПРОДАЖБАТА ДОМА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 48 ОТСТО, А ВО СТРАНСТВО ЗА 18 ПРОЦЕНТИ – еве како работеше „Реплек“ во минатата година

10/01/2025

AA

Во
текот на 2024 година компанијата Реплек АД го задржа трендот на пораст на
приходите од продажба забележан претходните две години, надминувајќи ги
проектираните цели од годишниот бизнис план со реализација од 100,5 отсто. За
периодот од 1. јануари до 31. декември 2024 година, остварени се вкупни приходи
од продажба од 1.919,6 милиони денари (31,2 милиони евра), што претставува раст
од 24 отсто во споредба со претходната година, соопштија од компанијата.

Овој
успех е продолжение на позитивниот тренд во сите четири квартали од минатата
година и се должи на континуираниот раст на приходите од продажба на домашниот,
како и на странските пазари. При тоа, приходите од продажбата на домашниот
пазар се зголемени за 48% во однос на 2023 година, достигнувајќи 492 милиони
денари (8 милиони евра). Во истиот период, приходите од продажбата на странските
пазари забележаа раст од 18%, достигнувајќи вредност од 1.427,6 милиони денари
(23,2 милиони евра). Најзначаен раст е забележан на пазарите во Југоисточна
Азија (62%), регионот на ЗНД (22%) и Југоисточна Европа (24%).

„Овие
резултати се доказ за посветеноста на нашиот тим и ефикасноста на нашата
развојна стратегија. Во 2025 влегуваме со нова енергија и дополнителен мотив да
продолжиме да создаваме вредност за вработените, акционерите и потрошувачите. Наша
цел останува да го зајакнеме портфолиото на производи, да инвестираме во
модернизација и да продолжиме да градиме цврсти односи со нашите партнери.
Уверени сме дека со овој континуиран раст ќе продолжиме да придонесуваме за
развојот на македонската економија“, изјави Душан Пецовски, главен и
извршен директор на Реплек АД.

И во
2025 година Реплек АД влегува со амбициозни планови за натамошно зголемување на
продажбата на странските и на домашниот пазар, на иновациите во своето портфолио
на производи, како и на значителни вложувања во технолошкиот напредок и во
развојот и добросостојбата на своите вработени кои се дел од долгорочна стратегија
за одржлив раст и развој на компанијата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy