
ПРОДАДЕНИ 6.000 АКЦИИ НА ГРАНИТ ПРЕКУ БЛОК ТРАНСАКЦИЈА – кој плати сума од 185 илјади евра
Блок трансакција помина вчера на Берзата со акции на градежната компанија „Гранит“.
За однапред познат купувач беа продадени 6.000 акции, по цена од 1.890 денари за акција, со што купувачот за овој акционерски пакет плати вкупна сума од близу 185 илјади евра.
Акциите вчера на редовниот пазар се продаваа по цена од 1.880 денари за акција, а беа истргувани 205 акции.
Н.Н.Ф.