Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса
Економија

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

17/01/2025

AA

Продаден е дел од имотот на поранешно „Фени” во стечај, ќе следи авансна распределба на паричните средства од стечајната маса. Ова го потврди денеска за МИА, Лилјана Ситникоска, портпарол на Основен суд Кавадарци.  

– По изјавените жалби  на решението СТ.бр. 27/23 од први ноември 2024 година, со кои беа одбиени предлозите  од страна на стечајниот судија , да се укинат одлуките  на  Собранието на доверители одржано на ден 21 октомври 2024 година  во отворената стечајна постапка над должникот Трговско друштво  за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО село Возарци , со кои беа  усвоени понудите на понудувачот Друштво за производство на метали ГОЛДЕН ИГЛ НИКЕЛ ДООЕЛ село Возарци Кавадарци за продажба на имот на стечајниот должник влезен во стечајна маса,  на – пакетите предмет на продажба и тоа пакет бр.1, 2, 4, 5, 6 и 7 ,   поради ниската понудена цена, Апелациониот суд Скопје донел решение ТСЖ  бр. 1217/24 од 14 ноември 2024 година, со кое жалбите се одбиени како неосновани , решението на  стечајниот судија е потврдено, појасни судијката Ситникоска. 

Врз основа на ова, биле донесени решенија за реализација на продажбата  за имотот опфатен од поединечните пакети, купувачите ја уплатиле купопродажната цена  на сметка на стечајниот  должник.

Од страна на Собрание на доверители, на шести декември 2024 година биле донесени одлуки со кои биле прифатени понудите за дел од имотот, предмет на продажба, што се продавал поединечно.  Тие одлуки биле реализирани. Купувачите во рокот определен со поединечните решенија од стечајниот судија,  ја  уплатиле купопроджната   цена на сметка на стечајниот должник.

Портпаролката на судот подвлече дека со оглед на  ваквата состојба,  ќе следела авансна распределба на паричните средства од стечајната маса. За тоа, стечајниот управник требало да изготви план за авансна распределба. Тој план требало да го одобри стечајниот судија.  По одобрувањето,  во рок од осум дена,  паричните средства ќе биле исплатени на доверителите.

Ситникоска истакна дека согласно член 117 од Законот за стечај, во побарувања од повисок исплатен ред спаѓале нето плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци, за периодот од последните три месеци, пред отворањето на стечајната постапка.

На два пати досега, транспортери кои своевремено возеа руда за комбинатот, протестираа барајќи над два милиона евра за транспортот и изразувајќи незадоволство што, како што рекоа, имот проценет за над десет милиони евра, се огласил за продажба за околу 2.3 милиона евра. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy