Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Процес Брдо-Бриони: Стабилноста и просперитетот на регионот се меѓузависни, особено е важна регионалната соработка, заснована на искрен и отворен дијалог
Македонија

Процес Брдо-Бриони: Стабилноста и просперитетот на регионот се меѓузависни, особено е важна регионалната соработка, заснована на искрен и отворен дијалог

11/09/2023

AA

Процесот Брдо-Бриони е единствен механизам за соработка на ниво на претседатели во регионот и е особено значаен затоа што стабилноста и просперитетот на регионот се меѓузависни и е повеќе од потребно, отворено да зборуваме за најтешките прашања, да бараме одржливи решенија и да ги затвораме отворените прашања.

Ова го порачаа на денешната заедничка прес-конференција претседателот Стево Пендаровски и ко-домаќините претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц – Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, по состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

Денешниот состанок на лидерите на земјите од регионот поминал во конструктивна атмосфера, на кој била потврдена важноста од регионална соработка, заснована на искрен и отворен дијалог. Како резултат на тоа ќе биде усвоена Декларацијата од Скопје, во која се содржани заедничките констатации и заложби на сите девет претседатели.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, посочи дека охрабрувачки знак е тоа што атмосферата на денешниот состанок била подобра од последните два.

– Разговаравме за теми кои не поврзуваат и имаат таков потенцијал, а за оние кои се уште не се решени, не, бидејќи искуството покажа дека тоа е контрапродуктивно, па дури и штетно, изјави Милановиќ

Според Милановиќ, ова е единствен процес што е во регионална сопственост, и нема ментори од страна, комисии и други членки на ЕУ.

– Неколку пати во претходните години знаеше да гостуваат промотори и ментори. Тоа го гледав од друга позиција тогаш и не ми се допадна премногу. Во политичка смисла сите сме полнолетни како држави и политички нации. Разговараме во овој формат и мислам дека треба така да продолжи, изјави Милановиќ.

Словенечката претседателка Наташа Пирц – Мусар, посочи дека имале конструктивен разговор, на кој најголемо внимание посветиле на Европската Унија и младите.

– Словенија ги поддржува сите земји од Западен Балкан во процесот на приближување и секогаш сме подготвени да помогнеме со своите сопствени искуства, изјави Пирц-Мусар.

Пирц-Мусар, изрази задоволство дека е усогласена заедничката декларација, која за првпат идентификува и неколку конкретни акции. Таа нагласи дека Процесот Брдо-Бриони ќе продолжи и дека веќе има двајца кандидати каде да се одржи следниот состанок.

– Како претседател на Словенија сакам да се заблагодарам на сите колеги од државите на Западен Балкан за помошта укажана во справувањето со поплавите. Тоа беа држави кои први ја понудија својата помош и дојдоа меѓу првите во Словенија, изјави Пирц-Мусар.

По 11 години од почетокот на процесот, според Пирц-Мусар прв пат се случува на масата да седат три жени, и според тоа што денеска го видела, посочи дека многу е важно да се разговара меѓу себе.

– Го спомнавте Берлинскиот процес и овие два процеса се пред се различни. Брдо-Бриони е пред се наменет на претседателите, додека Берлинскиот процес е за извршната власт. Но, на крај како претседатели, со својата реторика и нашиот став, разговор и смиреност можеме да направиме многу. Словенија и Хрватска се членки на ЕУ. Двете држави со своите совети може да им помогнат на земјите од Западен Балкан. Искрено посакувам овој процес да продолжи затоа што е исклучително корисен, изјави Пирц-Мусар.

Претседателот Пендаровски, посочи дека првата тема на денешниот состанок била приоритетот број еден на земјите од Западен Балкан, а тоа се европските аспирации и интеграции.

– Желбата за членство во Европската Унија, без исклучок присутна кај сите држави кои се дел од овој форум е значен фактор кој мотивира и не поврзува. Во тој контекст, на сите ни е јасно дека треба да ги постигнеме европските стандарди на добро владеење и функционална пазарна економија, изјави Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy