Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ ФЕНИ ИМА НОВ ГАЗДА – Комерцијална банка го стекна комбинатот за 38 милиони евра и ќе го продава – КОЈ ЌЕ ПОНУДИ НАЈМНОГУ
Економија

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ ФЕНИ ИМА НОВ ГАЗДА – Комерцијална банка го стекна комбинатот за 38 милиони евра и ќе го продава – КОЈ ЌЕ ПОНУДИ НАЈМНОГУ

12/12/2023

AA

Комерцијална банка сега е нов газда на поранешен ФЕНИ, а сегашен Еуроникел индустри. Банката објави дека го стекнала комбинатот за сума од близу 38 милиони евра.

„Комерцијална банка известува дека на 11.12.2023 година во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО с.Возарци Кавадарци, Банката се стекна со сопственост врз недвижен и подвижен имот за вкупна цена од 37.897.993 евра“, објави банката преку Македонската берза.

Фактор за ова разговараше со извори од Комерцијална банка, од каде ни ја објаснија целата постапка.

Всушност, Комерцијална банка беше главен доверител на поранешен ФЕНИ, а сегашен Еуроникел индустри, комбинат за никел кој се соочуваше со големи проблеми во работењето, а беше принуден и да го стопира процесот на производство и да ја одржува само топла печката, што чинеше и големи трошоци за електрична енергија. Се доведе во прашање и исплатата на платите на вработените, кои имаа чести протести во последниов период.

На основа на побарувањата кои Комерцијална банка ги имаше кон ФЕНИ и врз основа на проценетата вредност на комбинатот, Комерцијална банка го покрена извршувањето и вчера го објави на лицитација имотот на ФЕНИ. 

Бидејќи, како што велат нашите извори, никој не се јавил на лицитацијата, Комерцијална банка практично се стекна со овој комбинат, односно практично го презема во своја сопственост.

Од банката велат дека секако ќе го продаваат комбинатот, за кој, како што нагласуваат, има интерес од неколку субјекти, и од домашни и од странски компании.

Дел од нив веќе биле и во посета на комбинатот, со цел да видат каква е неговата состојба и дали би се исплатело да инвестираат во негово заживување.

Зошто тие не се јавија на лицитацијата, одговорот од извори од банката е дека има два фактори. Првиот е дека некои од нив доцна разбрале за намерите на банката да го огласи комбинатот на лицитација и немале доволно време за да ги „скенираат“ бројките, односно да си ги направат потребните математики за тоа дали ќе влезат во една ваква инвестиција, и втората прчина е што, како што објаснуваат нашите соговорници, сите се надеваат дека ќе се намали цената на наредната лицитацуија.

Но, извори од банката за Фактор објаснуваат дека тие не брзаат и немаат намера да ја намалат цената, бидејќи ницвната проценка е дека комбинатот чини толку и не треба дополнителнио да се намалува неговата продажна вредност.

„Како што знаеме, работењето на ФЕНИ зависи од коњуктурата на пазарот, односно цената на никелот на светските берзи. Сега коњуктурата можеби не е диобра, но тоа се циклуси, а кога била добра коњуктурата, ФЕНИ знаел да направи и профит и до 50 или 60 милиони евра“, велат изворите за Фактор од Коемрцијална банка.

Како што своевремено објави Факторт, за ФЕНИ интерес пројави и комбинатот на Илија Гечев, ИГМ трерјд, но тој ниту ја потврди, ниту ја дематираше таа информација.

Нашите извори од Комерцијална банка исто така не ја потврдуваат и не ја демантираат оваа информација,. додавајќи уште еднаш дека има интерес од неколку страни, дури и од оние што сега работат со ФЕНИ, а кому ќе го продаде комбинатот, банката ќе одчлучи врз основа на тоа кој ќе понуди најдобри услови. 

За комбинатот ќе има и наредна лицитација, на која ќе може да се пријави секој што ќе смета дека тоа му е исплатливо, но пшобедник ќе биде оној што ќе понуди најдобри услови.

Нина Нинеска-Фиданоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy