
Проблем за Раниери: Се повреди најдобриот фудбалер на Рома
Аргентинецот кој е најдобар фудбалер на Рома се повреди во недлниот натпревар против Каљари, а лекарски прегледи покажале дека ќе биде потребна рехабилитација од околу еден месец.
Во Рома стравуваа и дека се работи за посериозна повреда на коленото кое му правеше проблеми во последниот период, но прегледите покажаа дека е во прашање е бутот.
Против Каљари Дибала одигра само 13 минути откако влезе во 64. минута, но мораше да биде заменет во 75. минута.
Дибала нема да настапи ниту за Аргентина во натпреварите со Уругвај и Бразил.