
Приведено лицето кое снимаше пациентки во тетовската Гинекологија
Приведен е лекар од тетовската болница кој со својот мобилен телефон снимал пациентки во живо на Тик Ток, потврдило МВР за „360 степени“.
Случајот во полиција го пријавил директорот на болницата, а како што пренесе ТВ 21, станува збор за анестезиолог кој бил ангажиран на гинеколошкото одделение за прекин на бременост.
Инаку, според видеото вработениот се движи низ болницата и се смее додека ги снима колегите, но и пациентите кои се наоѓаат во болницата.

