
Приведени три лица од Скопје поради мачење коњ
Полициски службеници од ЕВР Гази Баба денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.
Како што информира МВР, делото го сториле вчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје каде измачувале коњ.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.