
Приведени 4 државјани на Албанија откако ги фатиле при крадење во продавница во Струга!
На 12.12.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга, во продажен објект во Струга, лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од слобода ги лишија А.Х.(52), Р.Х.(49), Р.Е.(49) и Р.А.(20), сите од Корча, Република Албанија.
Тие се затекнати при вршење кражба на повеќе производи кои им се одземени и вратени на одговорните лица во објектот.
По целосно документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

