
Приведена 27 годишната македонска мисица, ги попречувала АХВ во работата!
Повторно приведена е ќерката на сопственикот на кравите во Крива Паланка за кои има наредба да се заловат.
Како што информираат од МВР, 27-годишната девојка ги попречувала вработените во АХВ во работата.
– На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни-крави, информираа од МВР.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
