Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
Македонија

Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов

09/06/2025

AA

Преку координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи, под раководство на надлежен јавен обвинител, денеска започна реализацијата на широка истрага насочена кон разоткривање на организирана криминална мрежа, пишува Република.мк.

Во раните утрински часови, по налог на обвинителството, се спроведени претреси и приведени се повеќе лица осомничени за финансиски криминал, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, за кој со години постоеле сомнежи за блиски врски со политички и економски центри на моќ.

Според првичните информации, предметот се однесува на организирана шема за нелегален поврат на данок на додадена вредност (ДДВ), преку фиктивни трансакции, лажни фирми и користење на идентитети на непостоечки лица, главно од Косово и други земји. Сомневањата укажуваат дека добивките од овие активности се пренесувале преку државни исплати, потоа се переле и легализирале во градежниот сектор.

Во истрагата се опфатени вкупно 15 правни и 23 физички лица, а се очекуваат и дополнителни приведувања и проширување на истрагата.

Надлежниот јавен обвинител кој го води случајот изразил решителност дека предметот ќе биде третиран со интегритет, а целта е демонтирање на, како што се наведува, длабоко вкоренета политичко-криминална структура која функционирала подолг временски период.

Од институциите засега нема официјална изјава, но се очекува повеќе информации да бидат споделени во текот на денот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
Македонија

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45188
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026

Бројот на пожари на отворен простор во земјава продолжува да расте. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026

Големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица продолжува да се гаси, а во интервенцијата е вклучен и еден

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош за колегите

22/08/2026

Голема штета е предизвикана врз пчеларници во прилепскиот регион, каде во пожар целосно изгореле четири поголеми пчеларници, како и неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy