
Приведен Нино Васев, екс директор на Онкологија
Од утрово се вршат претреси кај осум лица опфатени со истрагата за случајот „Онкологија“.
Меѓу неколкумина приведени е и поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, јавува Телма.
Според нивните информации, три лица се недостапни за органите поради бегање во странство додека траела предистрагата.
