
Приведен маж од Охрид со 3,52 промили алкохол по нарушување на јавен ред во продажен објект
На 14.10.2025 во 07:30 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.Т.(42) од Охрид кој претходно, во продажен објект го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, а потоа физички му се спротивставил на работникот од обезбедувањето на објектот.
По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид кај него констатираа 3,52 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.