
Приведен крадец во Битола, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, следува пријава
Полициски службеници од СВР Битола, на 05.12.2023 го лишиле од слобода Т.К.(38)од Битола. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во Битола и одзел накит и други предмети.
Со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.