Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приватните превозници очекуваат да почнат со работа на почеток на следниот месец
Македонија

Приватните превозници очекуваат да почнат со работа на почеток на следниот месец

06/03/2023

AA

Новиот јавен повик за приватните автобуски превозници денеска е објавен на официјалната страница на Град Скопје. Тие најавија дека ќе учествуваат на повикот со три помали фирми поделени во три пакети и очекуваат на почетокот на април да се вратат на своите работни места. Превозниците велат дека постапено согласно договорот што го постигнале со градоначалничката Данела Арсовска, односно во повикот да бидат опфатени сите линии и да се вратат сите 210 автобуси на работа.

– Сите автобуси ќе бидат подеднакво поделени во три пакети, ние сме многу задоволни што работите тргнаа во таа насока. Утре ќе ја подигнеме тендерската документација за овој јавен повик, ќе видиме што е потребно, ќе ја собереме документацијата и во предвидениот рок ќе ги доставиме документите за да учествуваме на повикот, изјави денеска претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски.

Повикот ќе биде отворен до 21-ви месецов, по што на 26-ти месецов ќе се отворат понудите и како што рече, се надева дека на почетокот на април ќе се вратат на работа.

Исто така информираше дека условите ќе бидат исти како и во претходните повици и оти ќе остане истиот возен парк, но дека имаат договор со градоначалничката Арсовска да работат на подобрување на возниот парк. Даде ветување дека сите постари автобуси ќе бидат заменети со нови во догледен период.

На новинарско прашање во однос на долгот, Зафировски повтори дека Град Скопје нема долг кон нив, односно дека долгот е на Јавното сообраќајно претпријатие и дека тоа тековно ќе се решава.

На прашањето дали во договорот имаат вклучено исплаќање на долгот со камати, тој одговорно тврдеше дека ќе нема такво нешто.

Со оглед на фактот дека „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ не можат да бидат вклучени во новиот повик, Зафировски информираше дека имаат формирано нови фирми за учество на новиот јавен повик.

– Ќе има три нови фирми, секоја фирма ќе го раководи својот пакет, а пакетите се поделени по пет линии, само еден пакет ќе има шест линии, рече Зафировски.

Тој појасни дека се присутни 135 фирми и дека „Слобода превоз„ и „Макекспрес“ немале возачи, туку биле само посредници во процесот.

Според Зафировски, сега роцесот ќе се одвива на ист начин само што ќе биде поделен на три помали фирми во три пакети.

Прашан дали веднаш ќе бидат активирани еколошките автобуси со оглед на намалувањето на цената на метан, тој одговори дека моментно има 25 еколошки автобуси на природен гас кои што ќе бидат вклучени.

На прашања за бројот на возачите кои ќе бидат вклучени и дали се вклучени сите кои работеле од порано, Зафировски рече дека нема да остане ниту еден возач на улица и оти за секој пакет е утврдено точно колку возачи ќе требаат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy