
ПРИСТИГНАА ВО ЗЕМЈАВА: Семејството Скаик, после подолго време безбедното евакуирани од Газа
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил информираше дека во земјава пристигнало семејството Скаик, кое после подолго време се безбедното евакуирани од Газа.
„Евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски и пред сѐ конзуларен предизвик, имајќи ја предвид сложената безбедносна состојба во тој регион. Посебно сакам да оддадам признание на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и Израел. Благодарност сакам да изразам и за Меѓународната организација за МИГРАЦИИ (IOM) која помогна при нивниот трансфер во Скопје, како и Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјална работа во Скопје, за организација на сместувањето. Сите напори сега се фокусирани на извлекување на уште двајца наши државјани, брачен пар, чија евакуација ја очекувам наскоро“, вели Османи.