Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пристигна долгоочекуваниот лек Трикафта на Клиниката за детски болести
Македонија

Пристигна долгоочекуваниот лек Трикафта на Клиниката за детски болести

09/03/2023

AA

Утрово на Клиниката за детски болести пристигна долгоочекуваниот лек Трикафта. Уште утре осум пациенти кои страдаат од цистична фиброза и кои се во најкритична состојба ќе започнат со едногодишна терапија. Веста ја објави министерот за здравство Фатмир Меџити кој додаде дека се работи на тоа лекот да се обезбеди и за другите пациенти.

-Сакам да ве информирам дека на Универзитетската клиника за детски болести пристигна лекот Трикафта за цистична фиброза. МЗ во соработка со сите надлежни институции го реши најитното прашање за оваа категорија пациенти и очекуваме оваа терапија видно да им го подобри квалитетот на живот на пациентите со цистична фиброза-рече Фатмир Меџити.

Двајца од осум пациенти се во тешка здравствена состојба и се лекуваат на Клиниката за пулмологија а шестмина други на Клиниката за детски болести. Со примање на лекот Трикафта се очекува пациентите да имаат поквалитетен живот, вели директорката на Детската клиника која даде појаснување околу ефектот на таблетите.

„Институциите дејствуваа со задоцнување, бидејќи веќе едно лице го загуби животот, вели претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска која боледува од оваа ретка болест. Таа во моментов е хоспитализирана. Вели дека со радост ја примила веста за лекот.

„Мислам дека смртта на пациентот влијаеше на забрзување на процедурите, дотогаш слушавме само ветувања, но реално решение не видовме. Секако дека доцнеа, и ние како здружение доцневме со нашите протести, можеби требаше порано да почнеме, во секој случај, изгубен е живот и ова е најважното нешто што не успеавме да го спасиме. Се надевам дека вакви работи нема да се случат.“, изјави Атанасоска.

Бидејќи лекот го набавија по малку поевтина цена, со буџетот кој што е на располагање, побарано е од ФЗО да набави терапија и други четворица пациенти, рече професорката Фуштиќ. Инаку во земјава со цистична фиброза се дијагностифицирани околу 130 пациенти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy