
„Примивме глупав гол и тој реши сѐ“
ПСЖ својата шанса на празна мрежа за да се врати во двомечот не ја искористи преку Витиња, но Ерик Максим Чупо Мотинг не пропушти шанса да погоди откако Марко Верати загуби топка пред голот, за на крај само печат да стави Лирој Сане во контранападот која јасно беше кој ќе оди во четвртфинале.
„Ние не поведовме која ја имавме шансата. Игравме добро во првиот дел, имавме чувство дека сме егал со противникот, но нашите шанси не ги искористивме. И после примивме глупав гол, а на вакво ниво тоа е убиствено. Да, имаше пресинг и притисок од Баерн, ама некогаш не смее да се срамиме да ја шутнеме топката напред, наместо да додаваме во близина. А, кога ќе примите таков гол после еден час игра, тешко е да се вратите“, рече Галтие.