
ПРИЛЕПЧАНКА „МРТВА ПИЈАНА“ ЗАД ВОЛАНОТ: Возела „Опел“ со 1,77 промили – полицијата ѝ го одзеде автомобилот
Полицијата во Прилеп синоќа санкционираше тежок сообраќаен прекршок. 37-годишна прилепчанка е лишена од слобода откако била фатена како управува возило со висока концентрација на алкохол во крвта, далеку над дозволената граница.
Инцидентот се случил доцна синоќа, околу 22:50 часот. При рутинска сообраќајна контрола на улицата „Страшо Пинџур“, полициските службеници запреле патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки.
По извршеното алкотестирање, полицајците останале запрепастени од резултатот.
Како резултат на несовесното возење, полицијата презела ригорозни мерки. Автомобилот е веднаш одземен, а против возачката ќе следи законска постапка.
