
Прилепчанец се расправал со помлади луѓе, па испукал двапати во земја
На 14.02.2023 околу 18.45 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Р.М.(63) од Прилеп.
Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70“ калибар 9 мм. Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка.
Во полициска станица биле задржани А.М., Б.М. и Л.П. и бил извршен службен разговор со нив. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.