
Прифатени во прво читање предлог-измените на КЗ: Се враќаат строгите казни и се воведуваат нови кривични дела
Собранието попладнево со поддршка од 69 пратеници го помина првото читање на измените на Кривичниот законик (КЗ). Со новото законско решение, предложено од ВМРО-ДПМНЕ, треба да се анулираат контроверзните измени од септември 2023 година кои доведоа до застарување на бројни предмети за висока корупција и злоупотреба на службената должност.
Покрај враќањето на строгата казнена политика, новите измени воведуваат неколку клучни новини:
Опозициската СДСМ најави поддршка за законот, иако спорните измени беа донесени во нивно време, нагласувајќи ја потребата од целосно нов Кривичен законик. Од владејачкото мнозинство потврдија дека во подготовка е нов системски закон, а за тековните измени кои предвидуваат заострени казни ќе бидат организирани јавни расправи.
