
Прифатен предлогот за притвор за тешка кражба на Клиниката за онкологија
Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и определи мерка притвор за 60-годишен маж осомничен за тешка кражба на Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Осомничениот, кој и претходно бил осудуван, ја искористил невнимателноста на пациент од Велес и од неговиот џеб одзел 300 евра и 28.000 денари, додека жртвата чекала животно важна терапија. Идентификацијата е потврдена преку безбедносните камери. Судот оцени дека се исполнети условите за притвор поради опасност од повторување на делото.
