Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Придобивките за нашите компании од зелените коридори ќе бидат огромни“: еве што велат од Комората за заедничкиот регионален пазар
Економија

„Придобивките за нашите компании од зелените коридори ќе бидат огромни“: еве што велат од Комората за заедничкиот регионален пазар

13/06/2024

AA

Со целосно функционални зелени коридори на сите граничните премини кои го поврзуваат регионот со ЕУ намалувањето на времето на чекање на граница за три часа би било слично со намалување на царинските стапки за два процента во сите економии, покажуваат анализите на Стопанската комора на Северна Македонија. 

Интрарегионалниот извоз на шесте држави од регионот сега изнесува само 14 проценти, а поголемата трговска размена е само една од придобивките од Планот за раст,  за што пак, како што порачаа денеска од Комората, клучна е надградбата на регионалната соработка и отстранувањето на бариерите за трговска размена. 

Влатко Стојановски, портпарол на Комората, вели дека пречките за поголема размена се нетарифните бариери, како што се царински и безбедносни сертификати, фитосанитарни дозволи итн.  

– На тоа треба доста да се работи. Ние постојано ги идентификуваме и апострофираме дека се пречка за унапредување на регионалната трговска размена – рече Стојановски на прес-конференција за Планот за раст и прокетите на Коморскиот инвестициски форум од кој е дел оваа комора.

Поради недостаток на правна основа од земјите од ЕУ за размена на податоци со земјите кои не се членки, зелените коридори почнаа да се поставуваат на клучните гранични премини кои го поврзуваат регионот, но само во еден правец. Затоа, укажа Стојановски, мерките од новиот План за раст предвидуваат целосна размена на податоци што ќе овозможи значително скратување на времето за чекање на граничните премини, но и заедничко признавање на овластувањата на овластените економски оператори.

– Придобивките за нашите компании од ова ќе бидат огромни. Само во 2023 година од постојните зелените коридори времето на чекање се намали на граничните премини и придонесе да биде заштедено време од 20 години врз основа на веќе поставените интрарегионални зелени региони. Додека пак со целосно функционални зелени коридори на сите граничните премини кои го поврзуваат регионот со ЕУ намалувањето времето на чекање на граница за три часа би било слично со намалување на царинските стапки за два процента во сите економии. Истовремено зелените коридори ќе придонесат за континуирано функционирање на синџирите за снабдување, ќе се поттикне и зголемувањето на трговијата  и ќе го направат регионот попривлечен за инвеститорите – рече Стојановски кој со Сања Николова од денеска се нови портпароли на комората. 

Како што потенцира, Планот за раст овозможува нови потенцијали за економиите во регионот бидејќи се заснова на премисата дека не треба да се очекува само земјите членки од регионот да ги преземат сите потребни чекори за да се приближат кон Унијата, туку и дека Унијата има обврска да направи исчекопр кон нив со цел да им се забрза европскиот пат. 

Од Комората потенцираат дека потребите за намалување на јазот на економската конвергенција се и повеќе од очигледни. Извештаите на ЕК за економите во ЗБ посочуваат дека регионот се уште не е на ниво на фукционална пазарна економија, која може да се справи со конкурентските притисоци што доаѓаат претежно од ЕУ. 

– И покрај позитивните поместувања во изминатиот период сепак просекот на БДП по глава на жител во регионот останува речиси една четвртина од  просекот на 27-те членки во ЕУ. И покрај близината и другите поволни фактори за поттикнување на трговијата сепак интрарегионалниот извоз во регионот изнесува само 14 проценти. ЕУ останува доминантен извозен пазар за ЗБ со тоа што за повеќето земји од регионот извозот во ЕУ  е петпати повеќе од извозот во земјите од ЦЕФТА – укажа Стојановски. 

Наш најголем трговски партнер во интрарегионалниот извоз е Србија, по што следуваат БиХ  и Албанија. Економиите од ЗБ најмногу тргуваат со земјите од ЕУ и нивниот извозот е пет пати поголем  од земјите во ЦЕФТА поради што, нагласи Стојановски, треба да се унапреди интрарегионалната соработка преку  акцискиот план за единствен регионален пазар.

– Како главни трговски бариери во надворешната размена се посочуваат административните и царински процедури, безбедносните барања и сертификати, вклучувајќи ги и санитарните и фитосанитарите мерки и технички трговски бариери. И ЕК најави дека е потребно да се донесат активни мерки за склучување меѓусебни договори за отстранување на овие бариери и за воведување на ЦЕ ознаката за европски сертификат за сообразност со цел усогласување со ЕУ стандардите за квалитет на производите. Бизнис заедницата преку КИФ има можност директно да се вклучи и да даде придонес во овој процес – посочи Стојановски.

Бизнис секторот во рамки на КИФ беше консултиран за приоритетните области на кои треба да се работи за забрзан пристап кон ЕУ и доби мандат да работи на подготовка на новиот акциски план за заеднички регионален пазар  кој пак треба да биде основа за унапредување на регионалната соработка.  Едно од клучните прашања што ќе ја олесни соработката на домашните со европските компании е пристапувањето кон единствениот систем на плаќање на ЕУ. Нашата предапликација за членство е доставена во април, а придобвките за македонските компании се очекува да бидат следната година.

Николова, пак, го претстави новиот проект на КИФ поддржан од ЕУ од кој е дел Стопанската комора а преку кој се нуди поддршка на компаниите од регионот во повеќе аспекти. Една од главните цели е зголемување на конкурентноста со создавање унифициран регионален пазар преку намалување на економските разлики и поттикнување поблиски трговски врски помеѓу бизнис заедицтите, пред се, во регионот, но и со ЕУ. 

– Поентата е овој регион заеднички да има полесен пристап до европскиот и секако до други пазариКолку повеќе се доближат компаните од регионот и се гради интрарегионалната соработка толку ќе им биде полесно на сите компании од регионот да настапат на европскиот пазар – порача Николова.

Во рамки на КИФ  на 10 јуни е објавен нов повик до малите и средните претпријатија (МСП) од шесте економии на Западен Балкан да учествуваат во програмата за Техничка помош за влез во европските и светските пазари. Седумдесет избрани МСП од регионот  ќе можат да добијат помош околу пласирање на нивните производи на пазарите на ЕУ, со фокус на германскиот и на италијанскиот пазар, потполно бесплатно. Повикот  еотворен до 12 следниот месец.

Коморскиот инвестициски форум на 6-те економии на Западен Балкан (КИФ ЗБ6) е заедничка иницијатива на стопанските комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора којашто ги претставува интересите на повеќе од 300.000 компании, со мисија да ја поврзе деловната заедница во регионот и да понуди заеднички глас на деловните субјекти во регионот.

Фото: Принтскрин/Фејсбук  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy