Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години
Економија

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

01/05/2024

AA

Комисијата за Автомобилска Одговорност при Министерство за Финансии, 15 години не дала препорака на Владата за
корекција на цените на авто осигурувањето. Од
Групација
на осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија 
очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на
осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни
анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до
решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите.

Во минатото во повеќе
наврати осигурителните компании преку Националното биро за осигурување своите
анализи ги имаат
доставено
до надлежните институции
Министерство
за Финансии, Комисијата за Автомобилска Одговорност

при МФ
и Агенцијата за Супервизија на осигурувањето.

Тие истакнуваат дека според Законот за Задолжително Осигурување во
Сообраќајот, Член 46,  Комисијата за
Автомобилска Одговорност има обврска еднаш годишно да прави анализи за
тековните состојби,  и да  доставува до Владата предлог за утврдување на
минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од
автомобилска одговорност.

Но, и покрај горенаведените одредби, Комисијата не заседава еднаш годишно и
при тоа минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од
автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години, поточно од 2008 година,
кога беше намалена за 30 отсто. Последната одлука за утврдување на минимална и
максимална стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска
одговорност е донесена 09.09.2008 од страна на Владата на Република Македонија.

Тоа
подразбира непроменетост на цените за осигурување од автомобилска одговорност
од 2008 година, или цели 15 години, период во кој бележиме општ пораст на
цените од 61.5 отсто.

Фактот што голем дел од осигурениците имаат
максимален бонус/намалување на премија од 50 отсто, 
товарот од новите давачки кои ги плаќаат Осигурителните Компании – 2 отсто према Фондот за здравствено
осигурурување и 0,8 отсто према регулаторот, порастот на минималната и просечната
плата на вработените и на работната рака на сервисите и проценителите
, во услови на замрзнати цени за авто одговорност ја доведува во прашање одржливоста и оправданоста на бизнисот Авто осигурување и
долгорочното учество на осигурителните компании во овој сегмент.

Дека постоечките цени се непазарни и неодржливи потврдуваат и од Националното биро за осигурување кои информираат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска
одговорност во 2023 претрпела загуба во износ од 176 милиони денари. Од таму се надеваат дека ќе се најде разбирање и дека ќе
се земат предвид фактите и реалните анализи.

Осигурувањето е исклучително важен фактор
за развој на економијата и општествените текови во земјата и ги заштитува
граѓаните, државниот имот и бизнис секторот од немили настани. Затоа тоа мора
да биде одржливо, стабилно и целосно спремно да одговори на барањата на осигуренците.

Исто така, јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме
најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години е евидентиран раст на цените на
автомобилите од 70% – 100%, на резервните делови за 100 проценти, на платите за 83 проценти, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за
52,83 отсто, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215 отсто, што ги прави неодржливи цените на автомобилското
осигурување.

Осигурителните компании се надеваат дека Комисијата и Владата, односно
Министерството за финансии, како професионални и кредибилни институции, ќе
направат уште еднаш сериозна анализа, и ќе ги земат во предвид сите факти и
тековни состојби, и врз основа на нив ќе донесат препорака до Владата за
промена на одлуката, и креирање реални цени. Во спротивно,
работење по нереални и 15 години непроменети цени нема да биде од корист ниту
на граѓаните ниту на бизнис заедницата, ниту на државата. 

Групација на осигурителни компании

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy