Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Преживеа во пожарот во Кочани, но остана без сестра си: Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно
Македонија

Преживеа во пожарот во Кочани, но остана без сестра си: Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно

19/03/2025

AA

Во пожарот во дискотеката во Кочани младата Марија Тасевска се спаси, но меѓу 59-те жртви е нејзината сестра, Лепа.

Младата Марија со емотивна објава полна со болни зборови и тага се простува од нејзината постара сестра.

-Не требаше вака да биде сестричке, сега почнаа твоите најубави години. Се вратив по тебе во диското за да те најдам, ама не ми дозволија да влезам, не можев да те спасам. Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно, ама битно заедно ќе бевме. Извини што не можев да влезам, извини многу. Ми кажа дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме чуваш, ќе бидеш до мене. Ама на неочекуван начин не’ напушти, да знаев дека последен пат ќе те видам во диското, ќе те гушнев и ќе горевме заедно. Оваа болка не се издржува. Ја закопавме мама, а сега тебе те закопувам, која судбина ја имам на овие 19 години? Секогаш ќе бидеш во моето срце сестричке, непребол…држете се со мама горе, НАЈМНОГУ ВЕ САКАМ, пишува младата Марија на социјалните мрежи простувајќи се од својата сестра Лепа.

Семејството пред две години доживеало уште една трагедија, кога починала мајката на двете девојките.

По пожарот во дискотеката „Пулс“, Марија се здобила со повреди при евакуацијата откако поради стампедото кое настанало паднала, а врз неа газеле други лица кои панично се обидувале да се спасат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy