Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕЗЕНТИРАНИ ФОРЕНЗИЧКИ ВЕШТАЧЕЊА, ВО ВОЗИЛАТА НА БАНДАТА НА ШТЕКЛИ ИМАЛО КОКАИН Групата била строго хиерархиска, тврди Обвинителството
Македонија

ПРЕЗЕНТИРАНИ ФОРЕНЗИЧКИ ВЕШТАЧЕЊА, ВО ВОЗИЛАТА НА БАНДАТА НА ШТЕКЛИ ИМАЛО КОКАИН Групата била строго хиерархиска, тврди Обвинителството

06/02/2026

AA

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски – Штекли и останатите обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, вклучувајќи записници за претрес, потврди за привремено одземени предмети и форензички вештачења за пронајдени наркотични супстанци и биолошки траги.

Пред судот беа изведени докази поврзани со претрес на патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите. Според презентираните материјали, при прегледот, под возачкото седиште биле пронајдена цилиндрична кутија и кесичка со бела прашкаста материја.

– Извештај од вештачење од 10.1.2025 година, од кој е утврдено дека белата прашкаста материја пронајдена во количина од 31 грам е кокаин – рече јавната обвинителка Верица Бержетска-Крстевска.

Во продолжение на доказната постапка, јавната обвинителка презентираше и резултати од ДНК анализа на пронајдените предмети.

– Извештај од вештачење на којшто се утврдени траги од крв, од горниот дел од внатрешната површина на една од кесичките, тоа е една прашкаста материја, поврзана со лицето со ДНК-профил од еден од обвинетите – наведе Бержетска-Крстевска.

За истото лице бил извршена наредба за претрес на дом, при што бил одземен мобилен телефон.

Во врска со комуникацијата меѓу обвинетите беа презентирани листи од телефонски разговори остварени во август 2024 година. Според доказите, регистрирана е комуникација меѓу дел од обвинетите, при што се лоцирани на базните станици во реонот на населбите Керамидница и Дебар Маало.

Меѓу презентираните докази беше и записник од август 2024 година за извршен преглед на лице во Скопје, кај кое, според наводите, била пронајдена кесичка со растителна материја скриена во презерватив. Вештачењето потврдило дека се работи за 16,5 грама марихуана. Беше презентиран и доказ за пронајдена бела супстанца во возило „лексус“, за која вештачењето покажало дека се работи за 4,17 грама кокаин.

Групата, според обвинението, дејствувала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година и била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и на марихуана. Обвинителството тврди дека првообвинетиот Раде Трајковски Штекли е организатор и координатор на групата, кој бил во контакт со лица од странство и домашни посредници за првична набавка на кокаин. Тој давал насоки и упатства за проширување на мрежата.

Според доказите на Обвинителството, дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликации за заштитена комуникација, како „Снепчет“, а клучнитте докази се обезбедени преку систем за анализа на мобилни телефони.

На почетокот на судскиот процес, првообвинетиот Раде Трајковски Штекли изјави дека не го разбира обвинението, додека останатите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Одбраната на Трајковски истакна дека ќе докаже оти тој не формирал, ниту организирал криминална група и дека не постојат докази дека давал инструкции, посочувајќи дека наводите на Обвинителството се базираат на претпоставки.

Обвинението првично опфаќаше 16 лица, од кои дел веќе склучија спогодби и добија затворски казни, а за четворица обвинети постапката беше раздвоена по признавање вина.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy