
ПРЕВРИВАЈТЕ ЈА: Заматена водата во Кавадарци по врнежите од дожд!
Има проблеми со водоснабдувањето во Берово, Кавадарци и Крушево. Конкретно, РЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ЈП „Комуналец“ – Кавадарци, во која се наведува дека поради интензивните врнежи од дожд има заматување на водата од водоводот „Лукар Кавадарци“. Се препорачува водата од водоводот која се користи за пиење да се преврива.
