Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Превентивни прегледи од логопеди во сите градинки во Кисела Вода
Македонија

Превентивни прегледи од логопеди во сите градинки во Кисела Вода

20/02/2024

AA

Општина Кисела Вода, во соработка со Министерството за здравство и Програмата за спроведување на превентивни прегледи за рана дијагностика на пречки во развојот на слухот, говорот и гласот кај децата, од денес започна со активност во сите градинки на територија на општината. Со превентивни прегледи кои ги врши стручниот тим од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација ќе бидат опфатени децата од четири до шестгодишна возраст. По откривањето на евентуални аномалии, лекарите ќе ги контактираат родителите и по потреба ќе им предложат дополнителни консултации со логопед и дефектолог.

Раното откривање и третман на пречките во говорот и слухот значително придонесуваат кон нивното успешно отстранување и полесно интегрирање на децата во образовниот систем. Пречките во говорот и слухот можат значително да влијаат врз развојот на детето, неговата социјализација и когнитивни способности. Оттука, уште поголема е важноста на ваквите превентивни прегледи, посебно во период пред почнувањето со одење во училиште.

Општина Кисела Вода со овој и со многу други проекти, продолжува со градење на посветен однос кон раниот детски развој. Вложување во оптимални услови за развој и раст на децата претставува значаен предуслов за градење на здрави и успешни личности кои се идните носители на општествените процеси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy