Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Превентивни активности на МВР: Петарди Не, безбедноста пред се
Македонија

Превентивни активности на МВР: Петарди Не, безбедноста пред се

28/12/2023

AA

На подрачјето на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Штип и Охрид во текот на вчерашниот ден (27.12) беа реализирани превентивни активности како во рамки на кампањата „Петарди Не, безбедноста пред се“ така и во делот на сообраќајната безбедност.

Притоа во средните училишта „Ѓорче Петров“ и „ Орде Чопела“ во Прилеп, потоа во средното општинско училиште  „Цар Самоил“ во  Ресен , како и во „Св.Наум Охридски” во Македонски Брод на подрачјето на СВР Битола, како и средното општинско училиште „Добри Даскалов“ во Кавадарци на подрачјето на СВР Велес беа одржани предавања за средношколците во рамки на кои полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички експлозивни средства и преку низа практични примери и искуства им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето, а истовремено им беа и предочени  и законските казнени мерки со кои може да се соочат околу недозволеното поседување и употребување на пиротехнички средства.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, вчера во рамките на заедничкиот превентивен проект со рудникот „Саса“, во домот на културата во Македонска Каменица за учениците од основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, спроведоа едукативно предавање од областа на сообраќајот, додека пак полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во рамки на проектот „Полицијата и граѓаните заедно“  во соработка со РСБСП ги посетија Дневните центри за лица со посебни потреби на подрачјето на Охрид, и поделија подароци по повод Новогодишните празници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy