Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕВЕДУВАЧИТЕ СЕ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Кои документи граѓаните ги преведуваат за заминување во странство?
Економија

ПРЕВЕДУВАЧИТЕ СЕ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Кои документи граѓаните ги преведуваат за заминување во странство?

17/12/2024

AA

Поради иселувањето во странство или одењето на привремена работа надвор од границите на Македонија, граѓаните имаат потреба да ги преведуваат своите документи. 

Преведувачите имаат зголемен обем на работа поради миграцијата на населението. Овој тренд зема замав последните години. Преведуваат дипломи, препораки, потврди за неосудуваност и слично на различни јазици. За граѓаните е многу важно да добијат квалитетен превод и да ги реализираат своите планови. 

„Еден сектор од Здружението на преведувачи и толкувачи на Северна Македонија е работната група за судски превод. Судскиот превод го вршат постојани судски преведувачи кои својата лиценца за работа, односно Решение, ја добиваат преку Министерството за правда. Нивната главна задача е да вршат превод на документација, а со својата заверка/печатот и потписот гарантираат верност на преводот со оригиналот. Во последните неколку години видлива е промената во карактерот на документите што се преведуваат – ако порано беа документи врзани со судски процеси, медицинска документација или деловни договори, денес најчесто се преведуваат дипломи, препораки и потврди од казнена и кривична евиденција. Тоа само упатува на фактот дека голем дел од граѓаните, особено младите, заминуваат во странство на студии или на работа. Овој тренд трае веќе една деценија, каде што колегите што имаат печати за дефицитарните јазици имаат многу работа – тука ги вклучувам холандскиот, скандинавските јазици, словенечкиот, чешкиот…преводите кон англиски или француски јазик веќе се секојдневие, но појавувањето на понезастапените јазици само покажува дека младите, но искусни професионалци, заминуваат кон нови дестинации. Жално е кога ќе видите во колкава мерка се отселуваат кадри со високо образование“, објаснува Лукреција А. Маљковиќ, Претседател на ЗПРМ.

Таа додава дека кај судските преводи се јавуваат два проблеми. Еден од најактуелните проблеми за судските преведувачи, а за кое ЗПРМ веќе подготвува активности, е пренесувањето на странските имиња од и кон македонскиот или странскиот јазик.

„Транскрипцијата и транслитерацијата на имињата ни создава огромни главоболки и нам и на клиентите кои се соочуваат со страшни проблеми во личните документи, особено со имиња кои имаат букви кои кај нас ги нема. На пример, W, Y, X или пак Ć, Đ, Š кои треба да се пренесат на македонски…или обратно, нашето Џ, Ќ, Ѓ во странски јазик. За да појаснам, доколку името е Claire, должни сме да го пренесеме како Цлаире, Jack во Јацк, Jeanеttе во Јеанетте наместо Жанет, што наидува на шок кај клиентот што некогаш прераснува во докажување дека така мора да биде. Или, Dexter во Деџтер, па ако лицето подоцна треба да направи превод од македoнскиот документ, тогаш по истиот процес станува Dedjter. Ова е исто така видливо со презимињата од регионот каде што ĐORŠEVIĆ станува ЃОРШЕВИЌ, а во повратен процес ако документот се преведува од македонски јазик, лицето ќе стане GJORSHEVIKJ. Во моментот, како Здружение работиме на решавање на овие проблеми врз основа на истражувањето што го направивме и искуствата што ги прибравме, па да се надеваме дека овој проблем конечно ќе биде надминат“, додава нашата соговорничка. 

Вториот проблем како што вели е масовното издавање на решенија за судски преведувачи и недоволно строгото тестирање за истите. 

„Јас лично, на пример, добивам неверојатен број на судски преводи од и кон хрватскиот јазик, особено во летниот период кога е шпицот на одлив на работници во хотелиерството или угостителството. Огромен дел од тие преводи ми се даваат на корекција бидејќи биле одбиени од страна на хрватските власти заради непрецизниот хрватски јазик. Главната причина е што преведувачите што имаа решенија за она што на времето беше „српско-хрватски“ јазик, сега решенијата ги поделија на судски преведувачи за „српски јазик“ и судски преведувач  на „хрватски јазик“ без да се познава доволно хрватскиот јазик кој во последните децении помина низ многу јазични промени. Оттаму, Министерството за правда треба да ги заостри критериумите околу доделувањето печати за судски преведувачи за одредени јазици за да се избегнат непријатностите за клиентите кога документите им се одбиваат, бидејќи судскиот превод носи одредена тежина, тоа се официјални документи од кои некогаш на клиентите им зависи и животот“, раскажува Лукреција А. Маљковиќ. 

Поголеми македонски заедници има во Германија, Италија, Швајцарија, но и подалеку во САД и Австралија. Хрватска, Малта се земји каде многу млади Македонци одат поради работа. Пописот во 2021 година покажа дека населението во земјава е намалено во однос на 2002 година. Заводот за вработување на Република Словенија пред две седмици во земјава организираше настани со цел словенечките работодавачи да се поврзат со македонските работници. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/katemangostar

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy