Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претставничката на Израел на Евровизија добивала закани по живот: И советувале да не ја напушта хотелската соба!
Македонија

Претставничката на Израел на Евровизија добивала закани по живот: И советувале да не ја напушта хотелската соба!

06/05/2024

AA

Израелската претставничка на Евровизија, Еден Голан, откри дека добила голем број смртни закани поради актуелната политичка ситуација, по инвазијата на Израел на Газа. Државната агенција за национална безбедност, Шин Бет, дури го предупреди Еден да не ја напушта хотелската соба освен за настапи, бидејќи Малме очекува бран пропалестински демонстрации во наредните денови, пишува Дејли Меил.

Се очекува во градот да се соберат околу 20.000 демонстранти, а шведската полиција побара засилување од соседните Данска и Норвешка. Полицајците во Шведска обично се вооружени со пиштоли, но некои ќе носат поголемо оружје како мерка на претпазливост. Тие, исто така, ќе постават камери на дронови за да ја следат толпата додека се обидуваат да го задржат мирот за време на најголемиот музички натпревар.

Сепак, најалармантно од се е што има информации дека терористите планираат да ја бомбардираат арената. Сепак, Еден не се плаши. „Не би рекла дека сум загрижена. Подготвена сум. Се разбира, протестите не се пријатни, но едвај чекам да бидам на сцената“, рече таа.

Иако земји како Данска, Финска, Норвешка и Шведска постојано бараа на Израел целосно да му се забрани учеството на натпреварот, а во Белгија двајца министри повикаа Израел да биде исфрлен од натпреварот исто како што направија во 2022 година во Русија по инвазија на Украина, тоа не се случи во овој случај.

Песната на Еден ги прекрши евровизиските правила, според кои сите записи треба да бидат строго неполитички. Медиумите пишуваат дека нејзината балада „Ураган“, која претходно беше наречена „Октомвриски дожд“ била прикриена почит на жртвите од терористичкиот напад на Хамас минатата година. И иако израелската државна ТВ мрежа Кан рече дека попрво би се согласила со елиминацијата на Еден од натпреварувањето отколку да го смени текстот на песната, корекциите сепак се случија.

По неколку ревизии, „Октомвриски дожд“ беше преименуван во „Ураган“ и сега е за жена која излегува од лична криза. Музички, тоа е иста песна, но текстот е поопшт. Претставникот на Израел смета дека слушателите можат да се фокусираат само на музиката. „Тие можат да се одвојат од она во што веруваат и само да се фокусираат на музиката“, рече таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy