Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претставен Советодавниот Одбор на корпорацијата АTS GROUP и одржан првиот состанок
Македонија

Претставен Советодавниот Одбор на корпорацијата АTS GROUP и одржан првиот состанок

17/04/2024

AA

АТС ГРУП со гордост го претстави својот советодавен одбор сочинет од истакнати членови, докажани професионалци во светски рамки. Дел од членовите на одборот ги граделе своите престижни кариери како носители на високи економскии и политички државни функции, а друг дел се високо одликувани во армиите на нивните респективни земји.

Секој член на одборот носи карактеристичен сет на знаења и вештини, кои јасно може да се воочат од нивните богати биографии. Целта на советодавниот одбор е да ја советува корпорацијата АТС на чело со извршниот директор г-дин Демировски за стратешките чекори преку профилирање на високо стручни и кредибилни препораки за безбедносен менаџмент, но и интенцијата за промоција на Република Северна Македонија на светската безбедносна сцена.

Со формирањето на советодавниот одбор корпорацијата АТС е поблиску до остварување на својата цел да биде најголем
глобален производител до 2030 година. Одборот својот прв советодавен состанок го одржа на 15 Април 2024 година, со присуство на сите 5 члена во следниов состав:

Генерал Џејмс Л. Џонс – Претседател на одборот

Поранешен припадник на маринскиот корпус на Соединетите Американски Држави, Генерал со 4 ѕвезди и консултант во Белата куќа. Господинот Џонс и понатаму е вклучен во прашањата за националната безбедност и надворешната политика на САД. Со длабоко разбирање на одбраната и националната безбедност, има клучна улога во водењето на корпорацијата кон дефинираниот стратешки успех.

Марк Причард – Потпретседател на одборот

Еминентен политичар и адвокат, поранешен пратеник во британскиот парламент, се вклучува во бордот со голема експертиза во јавните политики и управувачкиот менаџмент. Г-дин Причард поседува длабоко разбирање на регулативите и ја
советува корпорацијата АТС за правните прашања и прашањата поврзани со усогласеноста на светските регулативи и практики.

Генерал Мајкл Д. Барберо – Член на одборот

Високо одликуван пензиониран генерал-полковник на американската армија, со голема експертиза во воената стратегија.

Генерал Сер Ричард Барронс – Член на одборот

Високо одликуван пензиониран офицер на британската армија, со големо знаење и искуство во антиципирање и решавање на сложени геополитички прашања.

Џон Де Вито – Член на одборот

Во моментов е задолжен како специјален агент за ATF – Агенција за спроведување на законот во Њујорк, тој ги надгледува операциите на целата територија на САД.

Сопственикот и извршен директор на групацијата АТС, г-дин Демировски се заблагодари за укажаната чест и членувањето на високите претставници и глобално влијателните личности и истакна дека формирањето на одборот го акцелерира успехот, го зголемува влијанието, но и одговорноста, а во исто време придонесува за значително унапредување на стратешката позиција и промоција на Северна Македонија, држава во која се произведуваат производи со меѓународно признат квалитет, наменети за светскиот пазар.

АТС ГРУП е едниствен производител со сопствени автентични капацитети во три фабрики наменети за одбранбената индустрија, со повеќе од 500 вработени, а во таа насока најавува брзо отворање на четврта фабрика за производство на технички
текстил како составен дел од сите композитни производи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy