
Претседателот Пендаровски ќе се обрати во 15 часот – одлука дали ќе ги потпише законите за коридорите
Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 29 мај 2023 година, понеделник, ќе одржи прес-конференција во 15:00 часот.
Прес-конференцијата ќе биде пренесувана и во живо на дигиталните платформи на претседателот Пендаровски (Фејсбук и Јутјуб).
Како што дознава 4NEWS.mk Пендаровски ќе соопшти за одлуката во однос на Законите за изградба на коридорите 8 и 10-д, како и законот кој го изгласаа пратениците за 60 часовна работна недела.
