Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница
Македонија

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

04/03/2024

AA

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“.

За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која годишно произведува над 30 милиони јајца и располага со 120 илјади кокошки и 60 илјади пилиња. Раководството на ,,Везе Шари” посочи дека произведуваат и месо, мелено месо и преработки од пилешко и говедско месо под брендот „Лекер“, а во рамки на компанијата функционира и постројката за производство на биогас и електрична енергија „Електро Шари“.

Компанијата има широко распостранета дистрибутивна мрежа, и покрај пласманот на домашниот пазар, врши извоз на јајца, месни и сувомесни производи во земјите од регионот и во Европската Унија.

Додадена вредност на компанијата е постројката „Електро Шари“, која произведува  1 мегават на час електрична енергија, односно 8.760.000 киловат часови годишно, како и 8.000 тони органско ѓубриво годишно. Како суровина се користи отпадот и нус-производите од фармата, како и другиот отпад од земјоделство, со што се позиционира како една од водечките компании во искористувањето на обновливи извори на енергија.

Денеска, претседателот Пендаровски ја посети и општина Пласница и се сретна со Идает Карамалески, лице со оштетен вид. На средбата претседателот Пендаровски и Карамалески разговараа за животните предизвици и потешкотиите со кои, како лице со попреченост, се соочува секојдневно. Во оваа насока претседателот Пендаровски ги реафирмираше неговите заложби за унапредување на положбата на лицата со попреченост и истакна дека нужно е конечно да се создадат услови за активно учество на овие луѓе во сите општествени текови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy