Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕ СОЗДАДОВ КОМОРА СО 5 ЅВЕЗДИ, НО ОСТВАРИВ 5 ЅВЕЗДИ ВО СОЗДАВАЊЕТО СТРУЧЕН ЧОВЕЧКИ КАДАР“
Економија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕ СОЗДАДОВ КОМОРА СО 5 ЅВЕЗДИ, НО ОСТВАРИВ 5 ЅВЕЗДИ ВО СОЗДАВАЊЕТО СТРУЧЕН ЧОВЕЧКИ КАДАР“

03/04/2025

AA

Во последната епизода од првата сезона на поткастот „Бизнис-клуб“ гостин е претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, кој даде свое видување за состојбите во македонскиот бизнис.

Според Азески, првиот впечаток на луѓето што ги следеле поткастите е дека во Македонија има клима за добар бизнис, но, според него, мора да се има квалитетен бизнис-план и прецизни проекти за негов развој. Покрај првите 20-ина лица со кои разговараше претседателот на Комората Азески во улога на домаќин на поткастот „Бизнис-клуб“ и кои ја покажаа својата конзистентност во познавањето на работите во однос на клучните прашања за развој на бизнисот, има уште многу млади бизнисмени кои придонесуваат за македонската економија.

„Нивната темелност, професионализмот и еднаквите погледи на работите во однос на клучните прашања за развој на бизнисот покажуваат дека се работи за плејада на луѓе кои имаат доволно знаење, мудрост и искуство за водење бизнис“, истакна Азески.

Запрашан за честата употреба на изразот олигарси за македонските бизнисмени, Азески даде свое објаснување на зборот олигарх. Тој истакна дека се работи за флоскула за да се одвлече вниманието и дека изразот не е соодветен за силината што ја има македонска економија. Според него, за да се создадат олигарси кои ќе влијаат врз раководството тоа да носи прописи што ќе ја подобруваат нивната позиција, буџетот треба да има многу повеќе пари од оние што ги има сега. Тој потенцираше дека во Македонија нема олигарси и изрази загриженост дека во македонскиот бизнис нема единство, како што се очекува, туку завист. „Ако владееше единството, ќе бевме подобри во сè“, истакна Азески.

Себеси се доживува како дете на транзицијата и смета дека и денес сè уште живее во тој процес, затоа што немало период кога бил зголемен стандардот на граѓаните и кога била подигната продуктивноста на компаниите.

Во продолжение ја објаснува својата изјава дадена по првиот избор за претседател на Комората во 2005 година – дека ќе создаде Комора со 5 ѕвезди каков што е хотелот каде што работел – кажана за да го подигне оптимизмот кај бизнисмените да почнат да веруваат во својата иднина. Според него, гледано од оваа перспектива, можеби не создал Комора со 5 ѕвезди и поволен амбиент за работа на компаниите бидејќи не зависи сè од него, туку и од државата, но остварил 5 ѕвезди кај човечкиот капитал затоа што успеал да создаде кадар од 15-ина врвни експерти кои ќе останат да работат во Комората.

Во првата сезона на поткастот „Бизнис-клуб“ беа опфатени познати млади лидери од македонскиот бизнис, кои доаѓаат од разни дејности – градежната, прехранбената, пивската и автомобилската индустрија, е-маркетингот и банкарството – како и еминентни стручњаци од повеќе области. Преку разговорот со претседателот на Стопанската комора во улога на домаќин и водител на гледачите им се доближија нивните приказни и искуства, нивниот развој и лична стратегија за опстојување во бизнисот во македонски услови, како и предизвиците со кои се соочуваат со своите брендови на светските пазари, затоа што македонските брендови се рамноправни со светските брендови кои продаваат слични производи. Нивната улога во претставувањето на македонската економија е значајна затоа што тие, покрај тоа што ги подобруваат услугите и производите, вработуваат, плаќаат даноци и го полнат буџетот, го зголемуваат БДП, инвестираат и влијаат врз економскиот раст на државата.

Линк до поткастот.

https://youtu.be/wP_8uSDfeT8?si=wo3dWXBJCTZeRfR-

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАЗУМНО Е ДА СЕ ОЧЕКУВА ЈАСНОСТ И КОНЗИСТЕНТНОСТ ОД СОЈУЗНИЦИТЕ

18/04/2026
Македонија

Од поројни дождови до нула степени – временски пресврт до

18/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПАК УФИЛМАН, ГО СЛЕДЕЛ „ПРИВАТЕН МОСАД“ Бихаќка обвинува дека

18/04/2026
Македонија

Владата ги продолжи олеснувањата за горивата: Цените се намалуваат, акцизите

18/04/2026
Македонија

НИКОЛОВСКИ ПОЛИТИЧКИ НЕ ПОСТОИ, А ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА Е БЕЗНАЧАЈНА КАКО ЗАПЛЕНАТА

18/04/2026
Македонија

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без

18/04/2026
Македонија

До 5 јуни без камата за задоцнети сметки за вода

18/04/2026
Македонија

Вработени во „Тинекс“ најавуваат протест поради неисплатени плати

18/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42622
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАЗУМНО Е ДА СЕ ОЧЕКУВА ЈАСНОСТ И КОНЗИСТЕНТНОСТ ОД СОЈУЗНИЦИТЕ Пристапот кон ЕУ да е

18/04/2026

Членството во Европската унија и во НАТО не се политички слогани за ВМРО-ДПМНЕ, туку се статутарни обврски, вградени во нашите

Од поројни дождови до нула степени – временски пресврт до крајот на следната недела

18/04/2026

Пред нас е работна недела која ќе донесе чести промени на временските прилики, со постепен пад на температурите и најава

ФИЛИПЧЕ ПАК УФИЛМАН, ГО СЛЕДЕЛ „ПРИВАТЕН МОСАД“ Бихаќка обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ангажирала разузнавачка компанија за

18/04/2026

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за следење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy